Македонија
28. јуни 2019 - 20:01

Земјотрес почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 3.9 степени според Рихтеровата скала попладнево околу 14,35 часот ја стресе соседна Албанија.

Според податоците од Мерните станици на Европската сеизмичка организација, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Потресот бил почувствуван и во Охрид, Ресен, Битола и Струга.