Балкан
23. December 2020 - 10:54

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди западна Грција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ги стресе областите Ахаја и Етолија-Акарнанија во западна Грција.

Земјотресот се случил во 2:20 часот, пренесува АНА.

Според Институтот за геодинамика на Атинската национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на седум километри југозападно од градот Нафпактос, на длабочина од 16 километри.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека јачината на земјотресот била 4,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 12 километри северно од градот Патра.