Свет
9. јуни 2016 - 9:14

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди индонезискиот остров Ломбок

Земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Ломбок, пренесува БТА.

3ападните медиуми јавуваат дека засега нема податоци за жртви и материјална штета, ниту пак постои опасност од цунами.

Епицентарот на потресот е 234 км јужно од Ломбок, на длабочина од 29 км, соопштува американскиот геофизички институт.