Свет
10. јуни 2016 - 8:33

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Соломоновите острови

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди денска Соломоноите Острови. 

Во моментов нема податоци за настрадани лица и материјални штети, ниту е издадено предупредување за цунами. 

Епицентарот на земјотресот бил 17 километри северозападно од Ауки, со длабочина од 94 километри по земјината површина. 

Соломонови Острови се архипелаг во јужниот дел на Тихиот Океан.