Свет
25. July 2015 - 9:25

Земјотрес во Чиле

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала беше регистрирано во Чиле, соопшти денеска Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на потресот бил на 15 километри југозападно од градот Икике, на длабочина од 34,4 километри.

Засега нема информации за штети и жртви.