Македонија
4. July 2019 - 13:02

Земон: Значаен придонес на концептот едно општество за сите е дијалогот меѓу заедниците

Со посеопфатен дијалог меѓу различните групи или интеркултурализам ќе се придонесе повеќе во развојот на концептот за едно општество, посочија учесниците на дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и Интеркултурализмот во Република Северна Македонија што се одржа на Универзитетот во Тетово.

– Во дебатите посочуваме дека постои интеркултурализам мултукултурализам. Тие два процеси не се исклучуваат едно со друго, но фокусот беше на мултикултурализмот. Треба да дадеме фокус на интеркултурните односи, дијалгот меѓу различните групи и различни ентитети и така оваа стратегија може да даде повеќе фокус на интеркултурните односи а не го исклучува и мултикултуразлимот што досега се развива во Македонија и ќе се развива во иднина. Тоа како општество ние потребно за да градиме општество каде ќе нема дискриминација, исклучување, сите луѓе ќе се чувствуваат еднакви и пред јавни услуги и пред законот да имаме модерно европско општество, истакна пратеникот Рубин Земон и поранешен советник на премиерот за мултикултурализам.

Роберт Алаѓозовски, претседател на координативното тело за изработка на Стратегијата потенцира дека сферата на образованието зазема значајно место во стратегијата па во таа смисла токму мислењата, соработката, па и критичките забелешки од академската заедница се важни.

– Сите велиме дека ако сакаме да изградиме едно општество треба да почнеме од клупите дури од предучилишната возраст, па во таа смисла токму академската заедница е незаобиколна. Правејќи серија на промотивни настани и во јавноста и во различните општините и на универзитетите, заклучуваме дека овој концепт е многу важен дека имаме кадар кој што може да го спроведува и секако во таа смисла постојат искуства кои што организирани во нова стратегија со акциски план може да придонесат до уште поголем развој очекуваме дека повторно и овде ќе добиеме забелешки кои што ќе ни овозможат да го подобриме текстот на стратегијата за кога тој ќе почне да се имлементира кон крајот на оваа година, особено во почетокот на 2020 ќе имаме мерки кои што ќе бидат направени и по мера на оние што ќе ги спроведуваат и секако и со цел да ги подобрат социјалната кохезија меѓу граѓаните, секако и недискриминацијата, рамноправноста, еднаквите можности и еднаквиот пристап до сите услуги кои ги даваат и општините и разните институции на државата, рече Алаѓозовски.

Во развојот на стратегијата покрај домашната јавна расправа, сугестии ќе има и од странски експерти кои ќе бидат повикани на меѓународна конференција во текот на изготвување на финалниот текст на Стратегијата.