Македонија
19. October 2019 - 16:43

Зголемен бројот на кражби во Охрид

Крадци организирано оперираат во главниот туристички центар.Огромен број на кражби се регистрирани во стариот дел на градот.

Разбојниците насилно влегувале во домовите и додека граѓаните мирно спиеле тие краделе се што е вредно предизвикувајќи вознемиреност кај мештаните.

Куќите,становите ,деловните простории и чаршијата се најчестите мети на крадците.

Тие ги користат гужвите и на многу лесен начин доаѓаат до нивниот плен .

Крадците најчесто се од други градови, доаѓаат  во главниот туристички центар, кога има гости  од земјава и странство.

Инаку пред само неколку дена 23 годишен разбојник од Скопје со пиштол на дијаболи се обиде да ограби три златари во строгиот центар на Охрид.