-->
-->
Зголемен бројот на заболени од варичела во Куманово
-->

Центарот за јавно здравје Куманово, регистрира 38 лица заболени од варичела, што е речиси својно повеќе во однос на претходниот месец кога имало 16 заболени, информираат од таа здравствена установа.
Според доктор Јадранка Стаменковска, се очекува наредните месеци бројот на заболени да расте.
- Најголемиот број тоа се во детската возраст регистрирани од 0-6 години, 30 заболени, и имаме до 29 годишна возраст. Ова е акутно инфективно заболување, и по прележувањето остава солиден имунитет, меѓутоа голема е инфективноста, изјави Стамeнковска.
Ова заболување, според епидемиолозите, поминува со лесна клиничка слика во период од две до три недели. Кумановските епидемиолози препорачуваат хигиено-диететски режим, често проветрување на просториите како и мирување.
Болеста е во детската возраст и најдобара превентивна мерка е кога веќе ќе настане заболувањето болниот да се излоира во домашни услови, што значи децата да не се пуштаат во градинка и во училиште. Најголемата инфективност е од еден до два дена.
Минатата година на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје имало 672 заболени. Најголемиот број на заболени биле регистрирани во летните месеци, што значи дека ова сезонско зголемување кое што најчесто се појавување во зимско-пролетните месеци, според Стаменковска е со продолжен сезонски тек на заболување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
