-->
-->
Зголемен интерес за субвенции за млади лозови и овошни насади во Неготинско
-->
Зголемен е интересот за користење субвенции при подигање млади лозови и овошни насади во Неготинско и Демиркаписко, информираше денеска Ѓорѓи Ајтов, раководител на работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.
- Годинава бележиме поголем интерес за ваквите субвенции во споредба со претходните години. На лозарите кои ќе достават фактури за подигнати лозови или овошни плантажи, им се враќаат половина од вложените средства. Се мисли на средствата инвестирани во садници, потпорна конструкција и слично, појасни Ајтов.
За да се стекнат со вакви субвенции, производителите на грозје или друг вид овошје, треба да имаат најмалку два декара под лозје, или три декари со нов овошен насад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени