Свет
5. July 2016 - 9:47

Зголемен извоз на оружје од Германија во првите 6 месеци од 2016 година

Германската Влада одобрила извоз на оружје за 4,03 милијарди евра за првата половина од 2016 година во однос на 3,46 милијарди евра во истиот период во 2015 година, објави Велт, повикувајќи се на владини извори.

Во неделата весникот Велт ам Зонтаг цитираше извештај за Министерството за економија што треба да биде утре претставен на седница на Кабинетот. Во него се нагласува дека извозот на оружје е речиси двојно поголем од 2015 година и највисок од почетокто на векот.

Вкупната вредност на оружјето одобрено за извоз лани била 7,86 милијарди евра, во споредба со 3,97 во 2014 година.