Зголемени сообраќајни контроли на полицијата во Тетовско
Нешто над 1.500 сообраќајни прекршоци открила полицијата во засилените акциски контроли во текот на февруари на поширокото Тетовско подрачје. Во контролите биле опфатени над 4.400 возила што е за 545 возила повеќе во однос на истиот период лани, информираа денеска од СВР Тетово.
Во посочениот период од сообраќај биле исклучени 190 возачи при што 94 немале важечки возачки дозволи, 30 управувале под дејство на алкохол, 59 возачи – почетници не се придржувале на законските ограничувања предвидени за оваа категорија учесници во сообраќајот, а шест управувале со важечка забрана за тоа. Писмено предупредени за прекршоците што ги направиле биле 286 возачи, на 90 им биле одземени возачките, а на 55 сообраќајните дозволи.
Истовремено од сообраќај биле исклучени 40 возила, од кои 23 за истечена регистрација и 17 поради нивна техничка неисправност. Во текот на февруари полицијата изготвила и 835 мандатни и 425 прекршочни платни налози.
За непрописно односно погрешно паркирање минатиот месец од страна на полицијата соодветно биле санкционирани и подигнати 186 возила најмногу во потесното тетовско градско подрачје, информираа од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација