Македонија
29. September 2017 - 11:17

Зголемено нивото на Дојранско и Преспанско езеро, намалено на Охридско

Нивото на Дојранското Езеро двојно е зголемено од просечните - 83 сантиметри за септември, на 179 сантиметри, покажува денешното хидролошко мерење.

Според УХРМ, нивото на Преспанското езеро е малку зголемено од просечното, додека Охридското езеро е под просекот за септември. 

Нивоата на реките, пак, се пониски од просекот за септември. Исклучок е само реката Струмица кај Сушево, каде има минимално зголемување.