Македонија
23. May 2018 - 15:01

Жална вест: Почина проф. д-р Нинко Костовски

Почина професорот на Универзитетот Американ колеџ д-р Нинко Костовски.

Проф. д-р Нинко Костовски е роден на 26.11.1956 година во Тетово. Својот докторат од областа на економските науки го стекна на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од 2006 – 2008 година ја извршуваше функцијата декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Автор е на повеќе научно-истражувачки трудови и книги, а беше и искусен бизнис-консултант и бизнис-тренер.

Тој остави најголема трага во животите на оние на кои најмногу им се посвети – на студентите, кои ја имаа можноста да учат од голем човек, со неповторлива смисла за хумор и неисцрпна ризница на знаење.  

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробиштата во Бутел, на 24 мај 2018 година (четврток), од 14:00 до 15:00 часот. Погребението ќе се одржи на градските гробишта во Бутел во 15:00 часот.