Жбогар: Се надеваме дека до крајот на годината ќе бидат отворени преговорите со ЕУ
Константните реформи и опипливите резултати на Република Северна Македонија ќе придонесат во напредокот на земјата. Европската Унија наскоро ќе ја презентира преговарачката рамка и се надеваме дека оваа година ќе ги отвориме преговорите, изјави евромбасадорот Семјуел Жбогар при денешната официјална посета на општина Ранковце.
Жбогар присуствуваше на официјално отпочнување на градежните работи на современ систем за наводнување за околу 200 хектари обработливо земјиште во Ранковце, дел од проектот на Европската унија за изградба на „Мали ниско трошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, финансиран преку ИПА програмата за земјоделски и рурален развој, вреден 1.7 милиони евра.
-Земјоделието е едно од поглавјата за кои ќе се разговара во претпристапните преговори за влез во ЕУ и препорачувам државата добро да се припреми. Ја охрабрувам Владата и наделжните институции да воспостават реформи и да формираат здруженија за стопанисување со вода и зачувување на овој драгоцен ресурс бидејќи земјоделието е најчувствителен сектор засегнат од климатскиет промени, кои ќе влијаат на немање вода и појава на суши. Воспоставувањето добри системи за вода е клучно, но има и други сегменти, како фрагментација на земјоделско земјиште, необработеното земјите и слично, па институциите треба да се позанимаваат и со тоа, додаде Жбогар.
Според него, ЕУ и Делегацијата на ЕУ во РС Макеоднија ќе продолжат со посеветеното предводење на земјата во секоја сфера на придвижување, заедно работејќи на солидарност и промоција на заедничките вредности за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово