Балкан
24. April 2020 - 8:47

Жена оздравена од Ковид-19 повторно позитивна на вирусот

Една 79-годишна жена, која претходно беше излечена од Ковид-19, е вратена во болницата во Велико Трново откако се влошила нејзината состојба, јави БНТ.

Жената беше испишана од болница и ставена под домашен карантин на 13 април. Сепак, пред неколку дена, таа е повторно примена во болница со позитивен тест за коронавирус. Таа е сместена во изолиран оддел и нејзината состојба е стабилна. 

Три медицински сестри и една болничар од придружбата имаат  позитивен тест на Ковид – 19.

1097 се потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија според податоците на Националниот оперативен штаб. Од Бугарската акдемија на науките (БАН), предупредија дека Бугарија полека ја губи бтиката со епидемијата и следните денови ќе покажа дали „ќе се симнува врвот или повторно ќе се искачува нов“.