Македонија
26. February 2020 - 21:11

Жена пронајдена мртва во Куманово

Вчера во 19:20 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„521“ во населба Карпош била пронајдена почината В.П.(64).

По преземени мерки било утврдено дека починатата во 18:30 влегле во бањата да се тушира, а во 19:15 часот без знаци на живот ја пронашол нејзиниот син.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на семејството.