Жена во Виена ги убила своите три деца, па се пријавила во полиција
Австриската полиција ја истражува смртта на две девојчиња и едно момче во Виена чија мајка била уапсена денеска откако повикала полиција и рекла дека ги убила своите деца.
31-годишната жена рано утрово повикала полиција и рекла дека ги убила своите деца и дека сака да изврши самоубиство, соопшти виенската полиција.
Полицијата дошла во станот во областа Донауштад каде ја уапсила жената која си нанела повреди и ги пронашла телата на деца.
Тригодишно девојче и осуммесечно момче биле веќе мртви, а најстарото, деветгодишно девојче сè уште давало знаци на живот, па итно било пренесено во болница, но лекарите не успеале да ја спасат.
Судскиот лекар рекол дека децата најверојатно починале од задушување. Сепак, засега не е познат мотивот за убиството.
Мајката и таткото на децата се повредиле меѓусебно при насилна расправија пред неколку недели. По инцидентот, властите му наредиле на таткото привремено да се исели од станот, соопшти полицијата.
Сепак, портпаролот посочи дека кавгата не мора да е поврзана со убиството на децата.
Сличен ваков настан се случи пред околу еден месец и во германскиот град Золинген кога 27-годишна мајка уби пет свои деца на возраст од една до осум години.
Истражителите и за тој случај изразија сомнеж дека мајката го извршила злочинот откако се разделила со сопругот и била емоционално нестабилна.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење