Бизарно но вистинито
12. November 2019 - 17:50

Жена загинала додека правела торта: Марамата и се заплеткала во блендерот, се задушила пред очите на синот

Жена (58) од Франција загина вчера пред очите на својот син (15) во бизарна несреќа додека подготвувала торта.

Нејзе марамата (шалот) и се заплеткала во блендерот и се удавила во кујната во нејзиниот дом во Сент Етјен, пишува „Ле Прогрес“.

Тинејџерот повикал итна помош кои му рекле да го исклучи апаратот од струја и да ја пресече марамата.

За жал на несреќната жена и немало спас, без оглед на обидите на лекарите да ја оживеат кога пристигнале на местото.

Синот објаснил дека до трагедијата дошло додека правеле торта, а обдукцијата и истрагата треба да утврдат што точно се случило.