Македонија
3. February 2016 - 19:29

Жестока расправа на собраниската Комисија за образование

Тензична атмосфера во Собраниската комисија  за образование. Работата  закочи пред да почне. 1000 амандмани за новиот универзитет Дамјан Груев, кои ги поднесе опозицијата не можеа  да дојдат на ред,  бидејќи пратениците не успејаа да  се договорат колку време ќе им траат дискусиите.

Од СДСМ остро се спротивставија на предолгот на владејачката партија,  излагањата да бидат временски ограничени. Велат не ја блокираат работата тука сакаат да се работи според  деловникот на собранието.

Од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека социјалдемокартите најдирекно ја блокираат работата на комисијата, не сакаат да дебатираат за амандмани кои тие сами си ги поднеле. Ограничувањето  на дискусиите е предлог затоа што станува збор за 1000 амандмани, целта е пратениците да работат побрзо и поефективно.

Предлог законот за основање на Универзитет за национална одбрана и безбедност Дамјан Груев е на второ читање во собраниската комисија.

Во понеделник тој најверојатно ќе се најде на пленарна седница, но неговото гласање е се понеизвесно со оглед на тоа дека расправата во матичната комисија заглави на процедурални забелешки.