Свет
22. March 2016 - 12:26

Жителите на Брисел замолени да комуницираат преку социјалните мрежи, поради преоптовреност на мобилните оператори

Мрежите на мобилните оператори во Брисел се оптоварени по експлозиите во градот и властите ги замолија граѓаните доколку се во можност да избегнуваат телефонски разговори и да комуницираат преку социјалните мрежи.

- Оптоварувањето на мобилните мрежи во Брисел се зголемува. Се молат сите да користат Ви-Фи и да комуницираат преку социјалните мрежи, напиша на Твитер министерот за дигитални прашања, телекомуникации и поштенски услуги Александер де Кро. 

Најголемиот белгиски Интернет провајдер Теленет објави на Твитер дека сите Ви-Фи точки во Брисел ќе работат под режим на бесплатен и отворен пристап.