Македонија
26. August 2020 - 8:38

Жителите на општина Ѓорче Петров не смеат да сушат алишта во дворовите со поглед кон улица или плоштад

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, преку Фејсбук ги потсети жителите на општината дека според новите измени на одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување, граѓаните не смеат да сушат алишта во своите дворови, ако истите гледаат кон улица или плоштад.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, додаде Наумоски во коментар под објавата.

Граѓаните, пак, главно реагираат со револт (бидејќи на сите проблеми, кој каде суши алишта треба да се последен меѓу приоритетите на општината) или со неверица и сеир (бидејќи на сите проблеми, кој каде суши алишта треба да се последен меѓу приоритетите на општината).