Македонија
27. March 2018 - 16:29

Жителите од Копаница утре без вода

Корисниците од скопското село Копаница утре, од 9 часот, ќе имаат намален притисок или прекин во водоснабдувањето.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради чистење и хлорирање на резервоарот Копаница.

Прекинот ќе биде се до завршување со чистењето.