Балкан
15. September 2016 - 10:23

Злосторство од страст: Со бомба ја разнел својата бивша жена

Сопругот Далибор Гавриќ (42) синоќа околу 21 часот на локалниот пат кај Прњавор фрлил бомба и притоа ја усмртил својата невенчана сопруга Мила Малешевиќ (24).

Според неофицијалните информации, Гавриќ синоќа дошол во кафулето „Акапулко“, каде се скарал со Мила и потоа го напуштил локалот, а најверојатно таа тргнала по него, јавија медиумите.

Тој потоа фрлил бомба кон неа при што таа смртно настрадала, а тој е тешко повреден.

Се претпоставува дека мотивот, поради кој мажот се одлучил на овој страотен потег е невозвратена љубов.

Дежурниот лекар потврди дека Гавриќ претрпел тешки повреди на двете раце и нозе како и на градниот кош.

Сместен е во Ургентниот центар на Република Српска, а дијагнозите се неизвесни,

Јавен обвинител од Бањалука нареди обдукција врз телото на несреќната жена, а на самото место се земени траги кои ќе се користат при вештачењето.