Loading Video...
Фудбал
20. April 2019 - 18:43

Значајни три бода за Силекс со победата над Работнички

 
 
Фудбалерите на Силекс прокнижија значајни три бода со победата над Работнички во трката за опстанок во прволигашката конкуренција. 
 
Домаќините во неколку наврати имаа шанса да го откријат резултатот, но нивните обиди завршуваа крај голот на гостите, кои пак преку Џефри Чинеду во 61.минута имаа можност да ја казнат неефикасноста, а благодарение на добрата интервенција на Ефремов резултатот остана почетниот 0:0. 
 
Но така беше се само уште три минути кога по изведениот аут од десната страна во шеснасетникот на Работнички беше соборен Рајковиќ, по што судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор на пеналот за Силекс беше Боби Ѓорѓиев кој го постигна и единствениот гол на мечот за победа на Силекс со 1:0. 
 
На останатите средби беа постигнати следниве резултати: 
ШКЕНДИЈА –  МАКЕДОНИЈА ЃП 4-1
ВАРДАР –  РЕНОВА 2-0
АК.ПАНДЕВ –  БЕЛАСИЦА 0-2
ПОБЕДА –  ШКУПИ 0-3
 
ТАБЕЛА
1 ШКЕНДИЈА 66
2 ВАРДАР 54
3 А. ПАНДЕВ 47 (-1 натпревар)
4 ШКУПИ 39
5 РАБОТНИЧКИ 39
6 РЕНОВА 36
7 МАКЕДОНИЈА ГП 35
8 СИЛЕКС 31
9 БЕЛАСИЦА 27
10 ПОБЕДА 20 (-1)