Македонија
23. August 2019 - 17:02

Зошто Фросина Ременски и Петре Шилегов не се потпретседатели на СДСМ?

СДСМ се подмладува и се зајакнува. Вака владејачката партија си ги оценува синоќешните кадровски промени кои ги направи во партиското раковдство, но и во владиниот кабиент на премиерот Зоран Заев.

- Како одговорна, државотворна партија даваме шанси за младите. СДСМ е препознаена како партија носител на промените, отворена за сите млади и докажани луѓе кои сакаат да се вклучат во процесот на реформи. Пораката е јасна и недвосмислена: СДСМ отвора простор за сите кои сакаат и можат, преку сопствен пример да дадат придонес во процесот на развојот на целокупното наше општество.

Костадинов негира дека промените се направени поради аферата Рекет. За опозицијата сите овие проемени се со цел да се амнестира Заев.

Централниот одбор на партијата вчера по неколку месеци пауза избра пет потпретседатели на СДСМ. Од нив, две се нови имиња. Коста Петров, пиар експерт кој досега не бил дел од СДСМ и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Тројца пак, иако беа разрешени, повторно ја добија довербата: пратеникот Мухамед Зекири, министерот за адмнистрација Дамјан Манчевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обнова на потпретседателските столчиња не добија Фросина Ременски и Петре Шилегов.

Честитки на сите партиски другари за честта што ја добија да бидат дел од Владата и раководството на СДСМ, напиша порнашената потпретседателка на Фејсбук по состанокот.

Заев, пак, синока по седницата рече дека независно од нејизната смена таа се уште е битен член на СДСМ, како пратеник и потпретседател на Собранието.

И на градоначланикот Шилегов, и доскорешен потпретседател е задоволен од промените. Вели нема никакви политички разлики со лидерот.

Па немаме никакви политички разлики, за мене е императив СДС да креира политики со што ќе го подобри стандардот.... тоа беа одлуки што се очекуваа дури и малку се доцнеше имајќи предвид дека партијата беше подолго време без потпретседатели.

Најголемо изненадување од промените е предлогот за министер за финасии да биде Нина Анѓеловска, директор на он лајн продавницата Групер, која исто така досега не била дел од СДСМ. Таа на својот Фејсбук профил напиша: „Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики со кои ќе креираме силна економија за граѓаните и ќе ги задржиме младите во државата. Ова е време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство. Таму го гледам развојот на земјата“.

Актуелниот заменик министер за економија Кире Наумов ќе ја предводи Банката за развој, а Кире Колемишевски ќе биде новиот заменик министер за економија.