Македонија
19. January 2023 - 21:14

Зошто Собранието има малку активности по долгиот одмор за празниците?

Партиските калкулации кој ќе влезе, а кој ќе излезе од владината коалиција го испразни парламентот. Пратеници и од власта и опозицијата признаваат дека во Собранието по зимскиот предновогодишен одмор активности нема.

Опозицијата вели проблемот е во власта бидејки нема стабилно мнозинство, а веќе владее атмосфера за нови партиски комбинаторики. Од ВМРО-ДПМНЕ коемнтираат дека народните избраници од СДСМ веќе ги нема низ собраниските канцеларии, па дури ни во пратеничкиот клуб. Секој внимава со кого ќе седне.

Иако побаравме став и од пратеничката група на владејачката СДСМ за тоа зошто замре Собранието и дали причината е во тоа што мнозинствотот претпрува промени де со огнената група на ДУИ и со помалите коалициски партнери де од можниот влез на Алијанса во Владата одговор не добивме.

Календарот на Собранието покажува дека во јануари пратениците ќе има имаат само 10 работни дена, од кои со комисии и седници се само 6. Првиот обид да се одржи пленардна седница беше на 10 јануари, но тој пропадна поради тоа што власта немаше кворум. Агендата ја одржуваат неколку пртоколарни средби и комисиски расправи. Нова седница со само 4 точки на дневен ред е закажана за вторник, но неизвесно е дали и таа ќе се одржи. Единствено е извесна седницата за пратенички прашања во четврток, бидејки на неа секогаш учествува и опозицијата.

И додека парламентот едвај функцинира собранискиот спикер е редовен на партиските настани  на терен иако државната функцијата на Џафери е неспоива со ниедна друга.