-->
-->
13-годишно дете на мопед тешко повредено во сообраќајка во Штип
-->
Вчера во 15.15 часот на крстосница помеѓу ул.„Драги Крупишки“ и ул.„Кратовска“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал 55“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Ѓ.(24) од с.Долни Балван, општина Карбинци и мопед „гарели гсп 50“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од Штип.
Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228