17-те новозаболени од Штип не се од познатите кластери
Седумнаесет новозаболени од ковид 19 во Штип , бележи денешната статистика на Министерството за здравство.
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција потврди дека исто како во Скопје и во Штип, инфицираните не се од веќе постоечките кластери, но дека епидемиолозите според методите кои што ги применуваат успеваат да ги утврдат контактите и истите да се стават во изолација, иако секогаш не се кажуваат точните податоци.
Инаку во Инфективното одделение во штипската Клиничка болница во моментов се хоспитализирани 45 пациенти, од кои петмина се сомнителни на Ковид 19.
,,Од пациентите пет-шест лица се на кислородна поддршка, а останатите се во стабилна здравствена состојба,“ информира директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓиев.
Поради зголемувањето на бројот на хоспитализирани заболени со ковид 19, преселени се пациентите од нервното одделение, со што Инфективното одделение доби дополнителни кревети.
Институтот за Јавно здравје информира дека имаме 20 оздравени пациенти. Досега во Штип од ковид 19 има заболени 390 лица а во моментов активно се 157.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување