Македонија
12. August 2026 - 16:31

25 години Охридски рамковен договор

Фокусот на државата мора да се помести од преиспитување на етничките права кон градење институции, економски развој и спречување на иселувањето на младите, порачаа учесниците на дебата по повод 25 години од Охридскиот рамковен договор. Претставничката на ОБСЕ го оцени Рамковниот договор како еден од најдобрите мировни документи, но нагласи дека стекнатите права мора да одат рака под рака со одговорноста. Според Азис Положани во следниот четврт век клучот е во менување на свеста и надминување на разликите преку целосно вклучување на немнозинските заедници во системот 

За Министерот за односи со заедниците наредните 25 години мора да бидат посветени на човечките ресурси. Шефот на дипломатијата пак порача дека стекнатите права се затворено прашање и дебатата треба да даде одговор каква држава сакаме во 2050 година.

Градоначалниците на Чаир и Тетово оценуваат дека државата влегува во нова фаза каде децентрализацијата добива практично значење.

Обележувањето на јубилејот продолжува и утре со свечености во организација на Министерството за односи меѓу заедниците.