Македонија
2. January 2026 - 12:18

26-годишен маж од неготинско со трактор излетал од патот

Тешко повреден е 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, откако со трактор излетал од патот.

-Вчера околу 18 часот во ОВР - Неготино е пријавено дека во атар на село Долни Дисан, на место викано „Василева Чешма“, Љ.К. од ова неготинско село, управувајќи трактор „фергусон“, изгубил контрола и излетал надвор од патот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница - Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.