Македонија
15. February 2025 - 16:34
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
33 интервенции на пожари од почетокот на годината во Охридскиот регион. Зголемен е бројот нa запалени оџаци, угостителски објекти, на отворен простор а карактеристично зa овој период е и потпалувањето на трската покрај брегот на езерото каде подоцна никнуваат плажи и хотелски комплекси.
Зголемен број на пожари има и во општина Дебрца, таму деновиве имаше два пожари на отворено, а беше опожарено и дел од Белчишкото блато. Од ТППЕ Охрид апелираат граѓаните да бидат внимателни и совесни.
Охридската противпожарна единица располага со 39 пожарникари и седум возила од кои шест во исправна состојба. Но се работи на изнаоѓање начини за возобновување на возниот парк.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->