Ајакс го детронира Реал, Тотенехем по втор пат во историјата во четвртфинале на ЛШ
Ајакс стави крај на тригодишната доминација на Реал Мадрид во Лигата на шампионите! Холанѓаните ги победија „белите“ со 4:1 во реваншот од осминафиналето среде „Сантијаго Бернабеу“ и со вкупен резултат 5:3 го исфрлија мадридскиот тим од турнирот на богатите.
Агонијата за „кралскиот клуб“ започна уште во почетокот на средбата, кога Хаким Зиеш (7′) ја затресе мрежата на Тибо Куртоа, а непосредно пред тоа домаќините ја погодија гредата. Само 11 минути подоцна, Давид Нереш постигна гол. Како капак на сè, едни од главните фудбалери на домаќините – Виничиус Жуниор и Лукас Васкез, добија повреди и беа принудно заменет.
Фудбалерите на Реал го почнаа вториот дел видливо помотивирани да се вратат во натпреварот, но пропусти на Герет Бејл и Карим Бензема не дозволија тоа да се случи. Душан Тадиќ (63′) го зголеми резултатот на 3:0. Сепак Марко Асенсио (70′) ги врати надежите на домаќините, но нивната радост беше кратка, откако Ласе Шоне (72′) го оформи крајниот резултат.
Па така кризата во Реал станува се посериозна. Освен вчерашната елиминација, тимот е аут од Купот на Шпанија. Титулата во Ла Лига, исто така, е доста далеку, бидејќи „белите“ се наоѓаат на третото место на табелата и на цели 12 од лидерот Барселона.
Тотенхем пак се пласира по втор пат во историјата во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако ја победи Борусија Дортмунд со 1:0 во реваншот на „Сигнал Идуна Парк“. „Петлите“ на тој начин продолжуваат напред со вкупен резултат 4:0.
Малку по паузата, Тотенхем ја дочека својата можност и го отвори резултатот преку Хари Кејн, кој ја уништи целата неизвесност. Тоа беше неговиот четврти гол против овој ривал.
До крајот на дуелот не падна друг погодок, а желбата во играта на „жолто-црните“ логично опадна драстично по погодокот во нивната мрежа.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори