Алегри по ремито со Интер: Јувентус можеше подобро
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е целосно задоволен од натпреварот од 9. коло од италијанското првенство против Интер. Јувентус синоќа одигра 1:1 на гостувањето во Милано, спасувајќи се од пораз со гол од пенал постигнат во самиот финиш.
– Првото полувреме беше добро, второто уште подобро. Имавме неколку шанси, па можевме и подобро. Да не заборавиме дека Интер е силен технички и физички, затоа ни требаше големо залагање. На почетокот бевме премногу возбудени од притисокот, но ова е исто така уште една фаза во процесот на раст. Загубивме осум од девет бода во првите три кола, па моравме да почнеме одново од основите – организација и цврста одбрана, изјави Алегри за „ДАЗН“.
По овој натпревар Јувентус е шести на табелата во Серија А со 15 бода, Интер е на третата позиција со 18 бодови.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?