Американците пројавиле слаб интерес за НБА лигата
НБА финалето оваа сезона, односно првата титула на Лос Анџелес лејкерс по 10 години ја гледале драстично помалку луѓе од минатата сезона, со речиси 70 отсто намалување, нешто што сигурно ќе ги загрижи газдите.
Според „ТВ лајн“, неделното финале помеѓу Лејкерс и Мајами хит, привлекло 5.5 милиони гледачи, во споредба со 18.9 милиони гледачи кои го гледале последниот меч од финалето во 2019 помеѓу Торонто и Голден Стејт. Петтиот натпревар пак, привлекол 5.7 милиони гледачи, речиси 70 отсто помалку од 18.2 милиони гледачи во истиот период лани.
Мечевите во НБА се играа зад затворени врати во таканаречениот „меур“ во Дизниворлд во Флорида поради пандемијата на корона вирусот, а покрај тоа финалето се играше во директна „конкуренција“ со најпопуларната американска лига, НФЛ, што обично не е случај бидејќи сезоната завршува во јуни.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина