Амнести Интернешенел бара „претседателско помилување“ за Едвард Сноуден
Две американски организации за човекови права- Амнести Интернешенел (АИ) и Американската унија за граѓански слободи (АЦЛУ) соопштија дека почнуваат кампања за „помилување“ на Едвард Сноуден, поранешен вработен во Националната агенција за безбедност (НСА) кој побегна од САД и сега живее во Русија.
Намерата на овие две организации е да се убеди претседателот Барак Обама да го помилува Сноуден, пред да ја напушти Белата куќа, во јануари 2017 година.
Кампањата се совпаѓа со почетокот на прикажувањето на играниот филм за овој поранешен соработник на НСА.
Сноуден украде илјадници доверливи и тајни документи и потоа ги предаде за објавување. Од нив се откри дека НСА „спроведува масовно следење на телефонската и интернет комуникација“, покривајќи го тоа со борбата против тероризмот.
Веднаш потоа, Сноуден побегна за Хонг Конг, а после кусо криење меѓу локалните бегалци, замина за Москва. Од тогаш, во Русија живее како бегалец, но никој не знае каде, ниту од што живее.
АИ од почетокот ја одобрува постапката на Сноуден да ја открие „тајната и илегална“ постапка на американската администрација.
Според Амнести Интернешенел „никој не треба да се казнува за откривање насилство врз човековите права“.
Американските медиуми, меѓутоа, веруваат дека кампањата ќе му помогне на филмот, но нема да го натера Обама да го помилува Сноуден, кој е обвинет за крадење и откривање на тајни информации.
Еден од советниците на претседателот Обама, претходно изјави дека Сноуден треба да се предаде, за да му биде судено пред порота, наместо што се крие под закрилата на еден авторитарен режим„.
Мнозинството Американци и натаму мислат дека Едвард Сноуден е обичен предавник и шпион, кому треба да му се суди во САД.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд