Арсовска: Комбинирани мерки ќе го дадат она што скопјани го бараат - почист воздух
Во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска објасни кои мерки може да се презмат за да се намали загадувањето во Скопје.
- Тоа е комбинирана мерка, која што ќе произлезе од 250 нови еко автобуси заедно со бесплатниот јавен превоз, и со чистењето на дивите депонии, имаме над стотина диви депонии кои што за 82 дена ќе се исчистат па понатаму ќе се пристапи на санација на ревитализација на тој простор. Некаде ќе никнат и нови паркови. Гасификацијата е нешто што скопјани постојано го бараат како за намалување на загадувањето така и за намалување на нивните трошоци. На крајот сите овие мерки комбинирано верувам дека ќе го дадат она што скопјани го бараат. Уште повеќе проекти има во делот на зазеленувањето, креирањето мегапаркови и ќе успееме да докажеме за кратко време дека можат работите поинаку да се водат во градот и дека може Скопје да биде убав град на среќни луѓе, рече Арсовска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024