Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска на прес-конференција посочи дека нема да поминат заканите за тужба за клевета насочени кон нејзе од страна на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа уште еднаш побара одговор каде, кога и од кого, е осигуран објектот на Универзална сала, на која вредност и за кои случаи на настанување на на штета.
-Додека траше гасењето на пожар министерката лично во изјава за медиуми истакна дека осознала за пожарот нешто пред 9 часот. Првото јавување во Бригата за противпожарна заштита јавена од случаен минувач е во 9.50 часот, по што Противпожарната бригата во тое време дојде на лице место и работеше на гаснење на пожарот. Таа самата побива своја изјава, дадена за сите медиуми во времето додека е опожарена салата, рече Арсовска.
Таа потенцираше дека како градоначалник и како Град Скопје нема да и поминат заканите за тужба.
-И покрај тоа што се обиде денеска да ја навреди целата администрација на Градот Скопје, за жал тоа нема да помине, затоа што ние укажувавме две години дека по тој проект кој некој друг го примил во Градот Скопје во март 2021 година, по кој што распишал јавна набавка и отпочнал со реализација на набавката, е увидено уште во првиот месец на отпочнување со работа дека е невозможно да се работи, рече Арсовска.
Како што рече, по тој проект е увидено дека сеизмичката заштита и самиот документ за сеизмичка заштита не може да продолжи да се работи, затоа тоа позитивно мислење е укинато од страна на ИЗИС.
-Оној кој што ги прекршил законите не е Градот Скопје ниту кој било од Градот Скопје, туку оние кои во овој момент не одговараат на овие прашања, додаде Арсовска.
Ново на Сител
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари