„Артикал 19“: Македонија меѓу земјите со најголем пад на медиумските слободи во изминатите 10 години

Македонија заедно со Турција, Бразил, Бангладеш и Бурунди е држава каде е забележан најголем пад во слободата на изразување во изминатите 10 години, покажува студијата која ја мери слободата на медиумите во 172 земји спроведена од Групата „Артикал 19“ во соработка со политичката и социјална дата база „V-Dem”.
Оценката е дека слободата на медиумите на глобално ниво се наоѓа на најниско ниво во изминатите 10 години. Според клучните сознанија во извештајот, само во 2016 година во светот биле убиени 79 новинари, а 259 биле затворени. Цензурата на интернет станала многу изразена од 2006 година при што се наведува дека е зголемена употребата на алгоритми за отстранување на легални и нелегални содржини со мала транспарентност врз процесот или земање предвид на човековите права.
- По првпат имаме комплексен и целосен поглед на состојбата на слободата на изразување и информирање во светот. За жал, нашите согледувања покажуваат дека слободата на изразување е на удар како во демократиите, така и кај авторитарните режими, вели извршниот директор на „Артикл 19“ Томас Хаџис.
Меѓу заклучоците на студиајта се наведува и дека голем дел од онлајн содржината во светот сега е регулирана според стандарди на грст интернет компании кај кои недостига транспарентност и не се подложени на принципот на проверки типичен за традиционалното владеење. Исто так, се наведува и дека владите ги мониторираат приватните комуникации „како никогаш досега“ преку усвојување закони кои овозможуваат екстензивно дигитално надгледување.
„Артикал 19“ е британска организација за човекови права со фокус на одбрана и промоција на слодата на изразување и слободата на информирање.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
