Македонија
3. October 2026 - 14:18

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „производство и дистрибуција на детска порнографија“ и „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Во 2025 година, пријавениот извршил обљуба врз малолетничка, при што снимал со телефон, а потоа видео материјалот го користел за да ја уценува, соопшти МВР.