Свет
29. August 2016 - 13:09

Артилериска офанзива на турските сили во северна Сирија

Турските воени сили извршија 57 артилериски напади врз 16 цели во северна Сирија во последниве 24 часа, изјави денеска турски воен претставник за западни медиуми, пренесува БТА.

Нападите  биле насочени кон „терористички групи во движење", посочи изворот, без да појасни дали се работи за сириските курдски Сили за заштита на народот или пак, за упоришта на Исламската држава.