Австралиското МВР разговара со адвокатите на Ѓоковиќ
– Претставници на австралиското Министерство за внатрешни работи разговара со адвокатите на тенисерот Новак Ѓоковиќ, јави „Ејџ“.
Медиумот јавува дека црно комбе Мерцедес со затемнети стакла влегло во паркингот на деловната зграда каде што се сместени адвокатите на Ѓоковиќ нешто по 18.30 часот по локално време.
Комбето излегло помалку од 5 минути подоцна со патник на задното седиште.
Не е јасно дали сопатникот бил Ѓоковиќ.
Еден од новинарите на „Ејџ“ на Твитер напиша дека од Ѓоковиќ било побарано „утре да се претстави на интервју со службеници за имиграција“. Според истиот извор, тенисерот нема да биде во притвор до разговорот или додека се очекуваат какви било правни дејствија.
Сепак, засега останува нејасно и нема официјални информации дали службениците за имиграција планираат да го префрлат Ѓоковиќ во имиграциски притвор.
Сè уште нема информации ниту од Федералниот окружен суд, судот што ќе ги разгледува аргументите за и против визата на Ѓоковиќ, доколку случајот продолжи.
Се очекува случајот да се врати пред судијата Ентони Кели, кој го надгледуваше случајот кога одлуката на Владата за укинување на визата на тенисерот беше поништена првпат во понеделникот.
Во меѓувреме, демонстранти повторно се собираат пред хотелот Парк во Мелбурн, каде што очекуваат да биде задржан Ѓоковиќ откако му беше поништена визата. Десетина демонстранти, придружувани од две кучиња, држат транспаренти со кои повикуваат да бидат ослободени околу 30 баратели на азил кои се затворени во хотелот Карлтон, јави „Ејџ“.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати