Австрија, Данска и Грција бараат „небирократско“ одобрување на вакцината на АстраЗенека
Данска, Грција и Австрија ќе побараат од Европската агенција за лекови (ЕМА) брзо и „небирократско“ одобрување на вакцината на АстраЗенека, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Тој рече дека е договорена заедничка акција со премиерите на Данска и Грција.
– АстраЗенека е вакцина што ја развиваат познати експерти, ЕМА ги има сите информации за таа вакцина од 12 јануари. За мене е важно да се залагаме за побрза одлука на ЕМА, објасни тој.
Курц побара итна, небирократска одлука за одобрување на вакцината. Тој потсети дека вакцината веќе се користи во Велика Британија и некои други држави.
Тој, исто така, посочи дека ЕМА требало да одржи седница на крајот на месецот во врска со одлуката за одобрување на вакцината на АстраЗенека.
– Секој ден е важен за нас. Новата мутирана варијанта е очигледно поефикасна, така што не става пред голем предизвик. Секој ден што се добива со побрзо одобрување на вакцината е ден во борбата против вирусот, нагласи тој. Курц, исто така, побара и ЕУ да донесе јасна стратегија во врска со патувањата, односно влез од држави вон Унијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток