БАЛКАНСКА ПРИКАЗНА
Во срцето на Македонија се раѓа балканска приказна која ќе ги сплоти сите генерации и ќе ги прикаже сите убавини и традиции на нашето Скопје. Токму тука, Камениот мост ќе спои два различни света од двете страни на Вардар во една голема љубов меѓу двајца млади.
Тој е Ертан, млад Турчин чие семејство живее во Скопје. По неколку години студии во Истанбул, се враќа во родната Македонија кај своето семејство, кое очекува од него како млад архитект да ја реконструира џамијата, уништена во земјотресот. Но, тој годините поминати во Турција, ги минал учејќи за радио програмер, а не за она за кое од секогаш сонува неговото традиционално семејство. Во родното Скопје, тој ја запознава убавата Јованка, Македонка која пак мечтае за уметност и слобода, а не за живот каков што однапред предвидела нејзината мајка Елена.
Љубовта меѓу Ертан и Јованка ќе наиде на големи препреки меѓу нивните фамилии, но ќе донесе и многу хумор, згоди и незгоди меѓу ликовите. Семејството на Јованка има предрасуди кон турската заедница во земјата и планира поинаков живот за нивната ќерка, додека пак семејството на Ертан негува стари турски обичаи и одредиле нешто сосема друго за нивниот Ертан.
Ќе може ли ова турско семејство да прифати македонска невеста, а другите да го прифатат Ертан за македонски зет? Две различни култури ќе соединат две чисти срца во една хармонична и урнебесна балканска приказна, снимена во Македонија.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор