Бектеши: Со РКЕ работиме по 1 јули да се врати евтината дневна тарифа за струјата
Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Со тоа би можело да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај па до октомври, рече Бектеши во одговор на прашање по денешната изјава пред Владата.
Нагласи дека веќе ја има анализата за справувањето со енергетската криза, но додаде дека директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски во текот на наредната недела ќе ги каже подробностите на прес-конференција.
-Колку што сум информиран на почетокот на идната недела ќе има детална презентација. Можам да кажам дека најдобро се справивме во регионот со најмалку потрошени пари, но и во делот на немање рестрикции и во делот на цената на електричната енергија за домаќинствата, потенцира Бектеши.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество