Берлин ќе донира дополнителни средства за обнова на Сирија и Ирак
Германската Влада одвои 235 милиони евра кои ќе бидат донирани за хуманитарна помош и спроведување на мерки за обнова на Сирија и Ирак, изјави за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, кој претходните денови учествуваше на конференцијата на антитерористичката коалиција против „Исламската држава“ во Вашингтон.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, Габриел ги пофалил резултатите од борбата против терористичката организација Исламска држава и побарал од коалицијата земји што се борат против исламските милитанти повеќе активности за обнова на електричните системи, водоводи, изградба на училишта и создавање на работни места.
Целта на Германија, каде во последниве 20 месеци пристигнаа над 1,2 милиони, најгоем дел од Сирија и Ирак, е во овие две земји по завршување на конфликтот да се вратат сите луѓе кои најдоа прибежиште во Европа.
- Германија веќе е дел од мерките за стабилизација, а оваа година ќе продолжиме со помошта за овие две земји. Во Вашингтон ветивме дополнителни 235 милиони евра за луѓето во Сирија и Ирак за хуманитарни цели и за стабилизација, изјави Габриел за весникот.
Во Вашингтон деновиве членките на 68 земји на Антитерористичка коалиција разговараа за идните мерки кои што треба да бидат преземени во регионот каде што е активна ИД и други радикални исламски воени групи.
Ново на Сител
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје