Бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора
Од утре во Црна Гора ќе биде бесплатен ПЦР тестот за сите туристи на кои им е потребен за враќање во своите матични земји, соопшти црногорското Министерство за здравство.
Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ претходно изјави дека на трошок на државата ќе им биде обезбедено болничко лекување на сите туристи кои евентуално ќе се разболат од Ковид-19 за време на нивниот престој во Црна Гора и им биде потребна хоспитализација.
Министерството од денеска ги ублажи мерките кои се воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.
До 20 мај ќе важат нови мерки, со кои се укинува забраната за меѓуградски сообраќај во деновите за викенд и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти се поместува за еден час, односно дозволено ќе биде од 19 до 22 часот, објавија локалните медиуми.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка
-
Џафери ќе информира за работата на техничката Влада
-
Путин повторно го предложи Михаил Мишустин за премиер
-
Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа
-
Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија
-
Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно и посвежо