Битиќи: Избравме соодветен, праведен и правичен модел за да му помогнеме на туристичко-угостителскиот сектор
![]() – Моделот го засноваме на тоа што сите сме посеале. Ако во 2019 и 2020 година компаниите уживаа во неформалната економија, а денеска бараат помош од државата, за жал не можеме да одговориме. Но, сите кои соодветно постапувале и оперирале ќе добијат соодветна помош според моделот кој го креиравме – компензација на дел од приходите и компензација на дел од плата за секој вработен, рече Битиќи во одговор на прашање по пуштањето во употреба на фабриката на германската компанија „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик. Тој нагласи дека и досега се среќавал со претставници на Туристичко-угостителската комора, а и пак ќе се види со нив за да разговара. – Мораме да сфатиме дека и во период на криза треба да се обидеме да креираме систем кој е одржлив и кој ќе даде дополнителни позитивни ефекти на среден рок. Сметам дека овој модел еднаш за секогаш ќе ги исфилтрира тие кои заслужуваат да добијат помош, а за тие што помалку заслужуваат се надевам дека ќе ги опфатиме со другите тековни програми со кои работиме на сузбивање на сивата економија, на зголемување на вработливоста, рече Битиќи. Вицепремиерот нагласи дека во развојот и креирањето на политиките има два пристапа од кои првиот е, како што рече, една капа за сите, а вториот е скроена капа за различни. – Ние креираме скроени модели и политики за одредените категории на угостители, прецизира Битиќи. |
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден