Македонија
24. March 2023 - 16:33

Битолчанец заврши на интензивна откако добил отров наместо вода во кафуле во Битола

Гостин на битолско кафуле наместо флаширана вода добил отров. 42 годишен битолчанец завршил на клиниката за токсикологија во Скопје откако пред три дена бил затруен со средство за чистење садови.

„Пациентот седејќи во кафе бар во Битола, нарачал кисела вода при што при отварање, внесување на една до две голтки забележал дека нешто не е во ред со водата, односно дека се работи најверојатно за друга течност по што настапиле нкеколку интензивни гадења и повраќање крв“.

Средството предизвикало изгореници на внатрешните органи на битолчанецот, па тој во моментов е на интензивна нега. Лекарите појаснуваат дека најверојатно се работело за голема количина на хемикалијата за чистење.

Случајот го истражува полицијата. Велат во соработка со Обвинителството се истражува како силното корозивно средство се нашло во шишето флаширана вода.

Според информации на Сител, хемикалијата за чистење е претходно ставена во шишето, било затворено па послужено. Неофицијално, се работи за несреќен случај зад кој стои  вработен во кафулето.

Инаку битолчанецот е сопственик на позната компанија која работи во градежниот сектор.