Бизнис
29. November 2023 - 19:50

Блокирани сметки ќе добијат 8 компании кои не го платиле солидарниот данок

Блокирани сметки ќе добијат 8 компании кои не го платиле солидарниот данок. Должат вкупно 7,2 милиони евра. Од 9 неплаќачи, само една побарала до крајот на годината со пребивање да си ја исполни законската обврска, информираат од УЈП. Инаку рокот за плаќање истече пред 3 дена и  Управата веќе изготви решенија за блокада на сметките.

Меѓу фирмите кои добро заработиле, а не го платиле кризниот данок се и две државни компании – Фондот за пензиско и инвалидско осигирување и Јавното препријатие Македонски шуми.

Од УЈП не откриваат со која компанија се договориле  со пребивање да го плати долгот, но се претпоставува дека тоа е ПИОМ, бидејќе блокада на нивната сметка би значело  со куси ракави да останат околу 300 илјади пензионери. Од овој фонд се исплаќаат месечните примања на највозрасните.

Инаку од останатите кои не го платиле данокот- најмногу, скоро 5 милиони евра, должи фирма од Скопје  трговеч со електрична енергија. Останатите се од дејностите трговија на големо со храна, пијалоци и тутун, ткаење на текстил, трговија со дрва и градежни материјали, изградба на станбени и нестанбени згради  и останато  производство, информираат од УЈП.

Од вкупно 156 компнии кои успешено работеле во 2022 та година, 148 си ја подмирија обврската  и платија 42 милиони евра , пари кои се наменија за антикризни мерки.