„Блумберг“: Русија загуби осум милијарди долари со дедоларизација на своите девизни резерви
Во првата година по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин, Русија да се откаже од американскиот долар во своите девизни резерви, земjата загубила 7,7 милијарди долари, јави „Блумберг“.
Како што објави денеска агенцијата, експериментот на Путин со диверсификација на девизните резерви со исфрлање на доларот од структурата на резервите на земјата во својата прва година, бил целосно фијаско.
Се истакнува дека, според редовниот извештај на ЦБ на Русија, кој се објавува со задоцнување од шест месеци, за наведениот период банката ги намалила резрвите во долари од 43,7 до 23,6 отсто. Притоа уделот на еврото се зголемил од 22,2 до 30,3 отсто, а на јуанот од пет на 14,2 отсто.
-Платена е економска цена за решавање на геополитички проблеми. Тешко е да се оцени дали тоа вредеше. Годинава имаше загуби, но инвестицијата е на долг рок, изјави експерт за агенцијата.
Сумата на долари во девизните резерви на Русија лани беше намалена за половина, дел од пошироката стратегија на Кремљ за „де-доларизација“ на економијата на земјата и намалување на ранливоста од американските санкции, додека односите со Вашингтон и понатаму се влошуваат.
Откако Русија лани спроведе диверсфикација на своите девизни резерви, кои претходно беа главно во долари и евра, земјата стана најголемиот светски вложувач на јуани во своите девизни резерви, пишува „Блумберг“. Повикувајќи се на податоци од „Голдман сакс“, се истакнува дека Русија со тоа станала најголемиот вложувач во јуани во светот, и сега поседува 70 отсто од сите девизни резерви во јуани.
Ставките на Кина сепак не биле целосно фијаско бидејќи загубите од падот на кинеската валута биле компензирани за сметка на повисоката доходност на кинески локални облигации споредено со државните облигации на САД, пишува „Блумберг“.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати